Полицијата затвори 1.300 избирачки места во училишта во Каталонија

Шпанските власти соопштија денеска дека полицијата затворила 1.300, од вкупно 2.315 училишта во Каталонија, кои биле подготвени како гласачки места за утрешниот референдум за независност на автономната област, кој официјален Мадрид не го признава.
Вкупно 163 училишта биле окупирани од семејства, кои се обидувале на тој начин да го овозможат утрешното гласање. Приврзаниците на референдумот кампувале во текот на минатата ноќ во голем број училишта. Луѓето со разни активности и денеска „ги бранат“ гласачките места. Јога вежби, прикажување филмови, социјални собири се организирани на некои од избирачките места, на кои се наоѓаат гласачи, со цел да ја спречат полицијата да ги затвори.
Шпанската полиција денеска го заземала телекомуникацискиот и технолошкиот центар на каталонската влада со цел да спречи електронско гласање, тврди радиото RAC1, но засега полицијата и Министерството за внатрешни работи не ги потврдиле рациите.
Каталонската полиција добила наредба да ги испразни сите згради до утре изутрина, а 17.000 полицајци, кои се распоредени, биле советувани да се воздржат од употреба на сила.
Владата на Шпанија останува цврсто на својот став дека референдумот е неуставен, а каталонските власти планираат утре да има гласање без разлика на се.
Каталонскиот лидер Карлес Пучденом истакна дека е „многу разочаран од ЕУ“ бидејќи тивко ја поддржи владата на Мариано Рахој околу прашањето за референдумот.
- ЕУ, која е толку храбра и држи моралистички говори во други земји, можеше да каже нешто, нагласи Пучдемон во интервју за каталонски медиум.
Ново на Сител
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Обвинителството бара притвор за осуммина за проневерата на милиони во ФФМ
-

Доктор и медицинска сестра од клинички сакале да шверцуваат ботокс од Република Кореја
-

Почнаа преговорите за владина реконструкција - денеска со ВРЕДИ, утре со ЗНАМ
-

Еврометар 2026: Расте оптимизмот за демократијата и евроинтеграциите
-

Државата си прави монопол со својата лотарија, остри реакции за предлог законот за игри на срекја
-

Граѓаните да инвестираат во Чербен, наместо да купуваат станови - предлог на Ристов
