-->
-->
Полицијата во дискотека во Виница затекна малолетници и обезбедувач без лиценца
-->
На 24.04.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Биро за јавна безбедност и Секторот за внатрешни работи Штип спроведоа заедничка контрола во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат во ноќен клуб во Виница.
При контролата, од страна на Управата за јавни приходи е сочинет записник за неиздавање на фискални сметки, а од Државниот пазарен инспекторат записник за непоседување лиценца. Од страна на полицијата во објектот после 24 часот се легитимирани 19 малолетници и едно лице кое врши работи од обезбедување без лиценца за обезбедување, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
