Полицајци од Македонија, Косово, Црна Гора и Италија ќе патролираат по албанското крајбрежје за безбедна туристичка сезона

За да се гарантира безбедна туристичка сезона, албанската полиција ќе соработува и со хомологни структури во соседните земји.
-Меѓународната полициска соработка за летото ќе биде со Македонија, Косово, Црна Гора и Италија. Нашата полиција ќе обезбеди заеднички патролни служби, со овие земји, чии полицајци ќе доаѓаат во нашата земја, а се во интерес на туристите. Заедничките патроли ќе бидат долж крајбрежјето но и на најфреквентните патни правци, изјави Димитраќ Зиу, директорот на Одделот за јавен ред и безбедност при албанската државната полиција.
За таа цел, според него, ќе бидат потпишани договори за соработка со важност за периодот на летната сезона.
-Во текот на туристичката сезона, радарите и најсовремената технологија ќе бидат на патиштата за да го следат движењето и сообраќајот на возилата, за да се спречат прекршувања на сообраќајните правила и прописи. Од брегот до главните национални оски, структурите на Државната полиција и нивните колеги од соседните земји, ќе бидат во состојба на готовност во текот на летната сезона за да обезбедат ред и да спречат инциденти, посочи тој.
Според Зиу, најмалку 1.600 албански полицајци, од неколку структури ќе бидат на терен.
-Државната полиција презеде план мерки за непречено одвивање на туристичката сезона, каде што на терен ќе бидат распоредени 1.600 полицајци. Овие полицајци се од специјалната единица „Шќипоња“, сообраќајната полиција, оперативните сили и Националните безбедносни сили, изјави Зиу.
Во некои од областите, што може да се сметаат за попроблематични, ќе има зголемено присуство на полицајци, како и привремени полициски станици.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
