Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
Бронхоопструкции и чести напади на кашлица, отежнато дишење и глад за воздух кај деца со дијагностицирана астма – овие состојби се се почести кај пациентите во клиниката за белодробни заболувања кај деца Козле како последица на поленските алергии. За оние со астматични напади педијатрите велат дека тоа најчесто се деца веќе дијагностицирани во клиниката за кои е важно редовното земање на терапијата.
- Редовното земање на терапијата е непто пто е превенција од тие астма напади. Но може да бидат тригерирани од самите полени алергени или од некога респираторна инфекција што може да ги предизвика нападите. Доаѓаат со отежнато дишење, забрзано дишење, дел имаат потреба и од кислородна поддршка. Овој период имаме такви деца и ги хоспитализираме кај нас, вел ид-р Филип Доксимовски, специјалист педијатар во клиниката Козле.
Носна секреција, опструкција проследена со често кивање, чешање и црвенило на очите се најчестите алергиски симптоми поради кои има се поголем број прегледи во амбулантите во Козле. При веќе дијагностицирана алергија, педијатрите ги советуваат родителите да ги носат децата на редовни контроли за состојбата да биде под контрола и да не дојде до компликации.
- На тој начин ние и ги ставаме децата на превенција, односно, пред да почне таа сезона почнуваме со терапија за кога ќе настапат алергиите детето да биде заштитено за да се намалат опструкциите, да се стави под контрола и тој период да го помине без симптоми, вели д-р Доксимовски.
Педијатрите велат дека кај инхалаторните алергии како на полен и прашина возрасната граница се намалува и оваа состојба ја дијагностицираат и кај едногодишни деца.
Последните неколку години алергиите се во пораст не само кај нас туку и во светски рамки. Предвидувањата се дека до 2050 година секое второ дете ќе биде со дијагноза алергија.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
