Поетот Јован Стрезовска добитник на наградата „Державин“

Поетот Јован Стрезовски е добитник на наградата „Державин“ што се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2015 до јули оваа година. Високото признание Стрезовски го доби за поетската книга „Времено и трајно“, објавена во издание на „Матица македонска“.
Одлуката за наградата, што ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе, едогласно ја донела жири комисијата во состав: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски.
Жирито, како што соопшти денеска ДПМ; оценува дека најновото поетско остварување на Јован Стрезовски се одликува со високи естетски дострели кои се вградуваат во ризницата на трајните вредности на македонската литература.
- Стихозбирката „Времено и трајно“ е израз на богатото творечко искуство на Јован Стрезовски низ кое се преткојавуваат едноставноста на кажувањето и слоевитоста на поетските пораки и значења, се вели во одлуката за доделување на наградата „Державин“.
Свеченото врачување на наградата „Державин“ на Јован Стрезовски ќе се одржи на 12 октомври, во организација на ДПМ и на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“, кој е донатор на паричниот износ, а по повод претстојното одбележување на 70-годишнината од основањето на македонската писателска асоцијација.
Доајенот на ДПМ, Јован Стрезовски, годинава одбележа 85-годишен животен јубилеј и 60 години творечка дејност. Како поет, раскажувач, романсиер и писател за деца, создаде опус од четириесетина дела. Беше долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата и претседател на Собранието на ДПМ.
Ново на Сител
-

АХВ го одзеде малтретираното куче, сопственикот ќе биде казнет
-

Најмалку 85 луѓе загинаа во САД како последица на снежната бура и ниските температури
-

Ердоган понуди Анкара да посредува помеѓу Иран и САД
-

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со ПССЕ: Ова е историски ден, рамо до рамот со денот кога се прогласи независноста
-

МЖСПП најавува нула толеранција за загадувачите, новиот Закон за контрола на емисииа носи построги правила за индустријата
-

Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
-

Извештајот за Охридскиот Регион пратен во УНЕСКО
-

МВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари
