-->
-->
Подгответе 150 евра плус ако планирате да летувате во Грција
-->
Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош.
Локалните медиуми наведуваат дека ДДВ – то на храна и пијалаци, вклучувајќи ги и рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти. За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ- то на картите за патување на локалните и меѓународни линии. Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти.
ДДВ- то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата. Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018 година ќе биде зголемена за две до четири евра. Според наводите на медиумите, нацрт законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде најдоцна до викендот.
За македонските туристи, тоа ќе значи поскапување на туристичките аранжмани. Пресметките велат дека за едно семејство од 4 члена, 10 дневното летување во Грција ќе стане поскапо за околу 150 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
