-->
-->
Поддршка на „За заедничка Македнонија“ во Куманово
-->
Кумановци и вечерва се приклучија на иницијтивата „За заедничка Македнонија“ и упатија пораки за зачувување на унитарноста на Македонија и отфрлање на т.н. тиранската платформа.

Маршот го почнаа од Соколански парк, поминаа низ централните градски улици и булевари и, како претходните вечери, го завршија пред платото на Центарот за култура каде се обрати Жарко Милошевски.
Милошевски рече дека нема откажуавње од унитарна Македонија и од црвено-жолтото знаме.
- За оваа држава се бореле генерации, сега останува обврската да се зачува државата. Оваа е историски момент, зашто се бориме за иднината на Македонија и нејзиниот опстанок како унитарна држава, истакна Милошевски.
Граѓаните, додаде, се подготвени да го бранат Уставот, суверенитетот и интегритетот на Македонија. - Нема да дозволиме мешање во внатрешните работи и уредувањето на Македонија. Силно ги осудуваме изјавите на политичари од соседни земји за тоа каков Устав и какви закони треба да има нашата земја, нагласи Милошевски и порача дека смао единствена, унитарна, самостојна држава е најдобро решение за македонскиот народ и за сите кои живеат на оваа територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
