Под контрола и вториот крак од пожарот кај Ајватовци, се интервенира на нов пожар во Студеничани

Под контрола се двата крака од пожарот кај Ајватовци во Општина Илинден, а се интервенира и за гаснење на нов пожар во атарот на Општина Студеничани.
- Пожарот на вториот крак кај селото Ајватовци е конечно ставен под контрола. Се продолжува со интервенцијата на полициските хеликоптери и авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и на пожарникарите, доброволците од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и локалното население. Конечно сум оптимист во врска со овој пожар, изјави за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Поради пожарот во Студеничани во активностите за гасење на пожарите ќе се вклучи и армиски хеликоптер.
Пожарот кај селото Ајватовци започна вчера попладне, а по интервенција на скопските противпожарните екипи и локалното население во текот на ноќта беше ставен под контрола. Пожарот денеска повторно се разгоре, а во негово гаснење се интервенира и со два полициски хеликоптера и авион на ДЗС.
Од скопската Противпожарна бригада за МИА информираат дека скоро сите жаришта во Ајватовци се стивнати, но мора да се контролира за да не се разгорат повторно, додека за пожарот во Студеничани појаснуваат дека станува збор за непристапен терен и дека две екипи во моментов интервенираат за гасење на пожарот.
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
