Под 15 проценти од заболените од КОВИД-19 се хоспитализирани, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека под 15 проценти од заболените од вирусот КОВИД-19 во земјава се на болничко лекување, дел се со полесни симптоми и на домашно лекување, а останатите се асимптоматски случаи.
– Некаде под 15 проценти е бројот на дијагностицирани лица кои се наоѓаат на болничко лекување, другите се со полесни симптоми и се на домашно лекување и останатиот дел се асимптоматски случаи, посочи Филипче во вечерашното интервју на Канал 5 телевизија.
Тој рече дека другите жаришта на КОВИД-19 во земјава, освен во Скопје, постепено спласнале.
– Предвидувањата на епидемиолозите, ова морам да го кажам со резерва, се дека следната недела, периодот што следи може да се очекува дека и скопското жариште постепено ќе спасне, рече министерот.
Филипче, истакна дека асимптоматската трансмисија е една од најголемите слабости, не само во земјава, тука насекаде во светот.
– И затоа заземавме став да имаме една ваква агресивна стратегија, идентификување апсолутно на сите контакти на лица коишто имале претходно физички контакт со заболените лица со цел на време да бидат ставени во изолација, за тука да го пресечеме ланецот на пренос на инфекцијата и мислам дека во тоа успеавме, нагласи министерот за здравство.
Тој потенцираше дека е различен пристапот на тестирање во сите земји и затоа не може да се споредуваат бројките.
Вториот бран што дојде порано од очекуваното, повтори, се должи на непочитување на мерките.Олабавувањето на рестриктивните мерки се должеше на анализи и бројки, оцени министерот за здравство.
Ново на Сител
-

Цените на храната и оваа година ќе останат исти, смета бизнисот
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
