Почнуваат Деновите на образование и саемот на туризам

На Скопски саем, каде што е во тек 29. Саем на книгата, од денеска до 8 април ќе се одржуваат и 20. Денови на образование и кариера - во втората хала, и седмиот саем на туризам „Скопје травел маркет“ - во третата саемска хала.
Како и во минатите години, на Деновите на образование и кариера ќе учествуваат високообразовни установи, домашни и странски факултети, кои ќе ги претстават програмите за студии, информации за стручно усовршување, преквалификации, можностите за вработување и развој на кариерата итн. Од странските учесници ќе се претстават два универзитета од Словенија - од Марибор и од Нова Горица.

На меѓународниот саем за туризам ќе учествуваат туристички агенции и тур-оператори, хотели од Македонија, општините, компании за производство на хотелска опрема... а посетителите ќе може да се информираат за понуди и можности за патувања.
И оваа година покровител е Агенцијата за промоција и поддршка на турзимот на Република Македонија, а партнер Стопанската комора за туризам. Традиционално, Република Турција ќе учествува со свој штанд, а странски изложувачи ќе бидат и општините Тиват, Бујановац и Врање.
Влезниците се по цена од 30 денари, односно 20 денари за организирани и групни посети. Работното време е од 10 до 20 часот.
Ново на Сител
-

Циклонот „Вајану“ предизвика големи штети на Северниот остров на Нов Зеланд
-

Отворени избирачките места во Унгарија
-

САД и Иран не постигнаа мировен договор по 21 час преговори во Пакистан
-

Г. г. Стефан: Велигден е серадосно сретение со оној во кого нашето срце се успокојува
-

Православните верници го слават Велигден
-

Сончево и потопло со мала до умерена облачност и умерен ветер
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
