Почнува Светскиот економски форум

Во Давос денеска почнува Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот.
Овогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток. Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.
Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања. Макрон е единствениот шеф на државата од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос. Минатата година на форумот од Г7 присуствуваше само германскиот канцелар Олаф Шолц.
Оваа година на Форумот во Давос се очекува да присуствуваат политичари и министри за финансии од многу земји, вклучително и претставници од Шпанија, Белгија, Колумбија, Ирак, Либан, Ирска, Кенија, Нигерија, Тајланд, Сингапур и други.
Од американска страна ќе учествуваат државниот секретар Ентони Блинкен, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и специјалниот претседателски претставник за климата Џон Кери.
Саливан најверојатно ќе присуствува на завршниот состанок на советниците за национална безбедност на Украина.
Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој исто така е меѓу учесниците на Светскиот економски форум.
Меѓу големите имиња од светот на бизнисот во Давос оваа година се Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, креаторот на четботот ChatGPIT. Се очекува тој да ја разгледа безбедноста и довербата во технологиите заедно со министерот за финансии на Велика Британија, Џереми Хант и извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.
На овогодишниот Светски економски форум ќе присуствуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателот на Светска банка, Аџај Банга, генералниот директор на Светската трговска организација Нгози Оконџо-Ивеала и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
