-->
-->
ОН почнува со операција од воздух за доставување храна и лекови за сирискиот град Дејр ал Зур
-->

ОН има намера да пушти пратки со храна од воздух во сирискиот град Дејр ал Зур, кој е под опсада на силите на џихадистичката Исламска држава, изјави во Женева претставник на Светската организација.
- Постои „конкретен план“ од ОН за извршување на сложената операција во следните неколку дена, изјави на прес конференција Јан Егеланд по седница на специјална група задолжена за операцијата.
– Голем број членки на ОН ветија учество во акцијата, меѓу нив и Русија и САД, изјави Егеланд.
Во изминатите 24 часа 114 камиони на ОН доставија прехранбени продукти и лекови за 80.000 луѓе во пет опколени региони во Сирија, и ОН бара начини да обезбеди пристап до уште над четири милиони луѓе во тешко достапни зони во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
