Почнува нов бран мобилизација на Русите за служење на воениот рок
Русија започнува уште еден бран на регрутирање од 1 октомври, но Aрмијата ги уверува идните војници дека нема да војуваат во Украина, јави ДПА.
Војниците ќе бидат повикани на 12 месеци основна воена обука, но нема да бидат распоредени во воена зона, рече контраадмирал Владимир Зимљански, кој е одговорен за регрутирање.
-Има доволно доброволци кои „вршат соодветни задачи“ во Украина, посочи тој. Во Русија има два брана на регрутирање годишно.
Според соопштението на Генералштабот, мажите по завршување на воениот рок треба да се вратат дома. Сепак, тие можат да се обврзат и на борбени операции во Украина на договорна основа.
Зимљански не даде конкретни бројки за тоа колку регрути ќе бидат повикани овој пат за време на есенското регрутирање. Вообичаено, околу 120 илјади регрути го завршуваат својот воен рок.
Пролетта беа поканети 147 илјади луѓе, рече Зимљански. Според официјалните руски податоци, околу 300 илјади доброволци се пријавиле за воена служба во последните месеци.
Покрај тоа, за време на делумната мобилизација минатата година беа повикани 300 илјади резервисти.
Ново на Сител
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
