Почнува кампањата за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување од денеска до 15 август годинава на целата територија на државата ќе спроведува кампања за заштита од пожари. Ќе се едуцира населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари.
– Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување едукативни постери на централни локации во Град Скопје и на фреквенти места, на наплатните станици, на влез на националните паркови, на граничните премини, во сите градови низ државата каде ќе бидат вклучени и сите 35 подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, на излетничките места и места близу шумите, соопшти вчера на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
Според него, целта на оваа кампања не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку поттикнување на свеста на населението за сите можни ризици што ги носат пожарите како катастрофа.
Кампањата е поддржана и од ЕВН АД Скопје, а секојдневно ќе се промовира на социјалните, ТВ и радио медиуми.
Во рамки на кампањата, на 20 јули годинава во 18 часот на манифестацијата „Самерленд“ во Градскиот парк во Скопје Дирекцијата за заштита и спасување ќе има свој штанд со едукативни материјали.
Ново на Сител
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
