Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.

Оваа одлука, како што рече Пендаровски по вчерашната седница на Советот за безбедност, ја носи исклучиво за да им се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско социјалните ефекти од пандемијата и, како што додаде, не е поврзана со датумот на предвремените парламентарни избори.
-Битката со КОВИД-19 сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме. Мора до крај сите да останеме совесни и одговорни и да се грижиме, како за своето, така и за здравјето на нашите блиски, потенцира Пендаровски.
Шефот на државата на 18 март поради состојбата со коронавирусот првпат во државава прогласи вонредна состојба. Првите две одлуки за вонредна состојба беа во времетраење од по 30 дена, а третата што заврши вчера траеше 14 дена.
Одлуките на Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено. Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.
Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.
![]()
Според премиерот Оливер Спасовски новите 14 дена вонредна состојба се со цел да се спроведат сите мерки за справувањето со здравствената криза и со економските последици, како и за услови за одржување избори за функционално Собрание и нова политичка влада.
-Треба да ни биде јасно дека со пандемијата ќе мораме да научиме да живееме и понатаму. Тоа не е нешто што ќе заврши во Македонија, ниту во светот. Едноставно, секој од нас, секој граѓанин, мора да биде свесен, да има одговорност дека мораме да живееме со пандемијата, и согласно тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување. Уште поважно е дека ние мораме да имаме институции кои што се функционални, институции кои што ќе функционираат, ќе носат одлуки во интерес на здравјето на граѓаните, во интерес на економијата, рече Спасовски.
Упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките, да се одржува физичката дистанца, да се носи заштитна опрема, да се почитуваат протоколите донесени од Комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
