Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Во собраниската Комисија за финансираењ и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани.
Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 28 октомври прес-конференцијата во Владата кога го презентираше Предлог-буџетот посочи дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.
- Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна тогаш Димитриска-Кочоска.
Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.
МИА
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
-

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер
-

Израел изврши напад во јужен Либан по стапувањето во сила на прекинот на огнот, јавува ННА
