Почна реконструкцијата на Универзалната сала
По години неизвесност, меѓуинституционални препукувања и голем пожар конечно почна реконструкцијата на Универзалната сала. Планот за изградба е амбициозен, министерот за култура ќе добие клуч на рака до крајот на 2027ма година.
По години тишина и запуштени скелиња кои го грдеа изгледот на Скопје, повторно се слушнаа градежните машини кај Универзалната сала. Надлежните ветуваат дека за година и половина од сега, симболот на градот ќе ги отвори вратите за културата.
Ова не е само капитален проект, туку и клучна подготовка за 2028 година, кога Скопје ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата. Премиерот кој изврши увид во работите инсистираше на максимална ефикасност, сугерирајќи и подобрувања во системот за греење и ладење кои веднаш беа прифатени од изведувачите.
- Иако внатрешноста ќе претрпи целосна модернизација, Универзална ќе го задржи својот автентичен и препознатлив лик. По ланскиот пожар најголемата дилема беше безбедноста. Три независни испитувања потврдиле дека челичната конструкција е целосно стабилна вели министерот Љутков.
Универзалната сала е изградена по земјотресот во 1963 година како донација од над 35 земји во светот. Обидот за реставрација почна во времето на градоначалникот Шилегов, беше стопирано од екс градоначалничката Арсовска. По серија скандали и пожарот, актуелната власт да ја презеде одговорноста и гарантира дека Скопје нема да ја пречека европската титула со урнатини, туку со модерен културен храм.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
