Почна меѓународниот натпревар РобоМак 2016

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска беше отворен седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција „РобоМак 2016“.
На годинашниот натпревар учествуваат 65 учесници од Македонија и 15 странски натпреварувачи. РобоМак 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања.
Ања Несторова од Студентскиот парламент при ФЕИТ на отворањето истакна дека РобоМак има најголема традиција меѓу сите настани што ги организира Студентскиот парламент во текот на годината, како што се Месец на претприемништво, Контакт, Летните семинари и тренинзи.
- Повеќе не е обичен настан од областа на роботиката и вештачката интелигенција, туку омилена интернационална традиција на Факултетот. Популарноста на РобоМак се повеќе и повеќе расте, рече Несторова.
Според продеканот за финансии, проф. Димитар Ташковски, студентите кои дипломирале и магистрирале на ФЕИТ се признати и ценети во својата работна околина.
- Дека и сегашните студенти се навистина добри и квалитетни, доказ е денешниот настан РобоМак, кој полека преминува во своевиден бренд во нашата држава. За тоа најзаслужни се студентите од студентскиот огранок на македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (ИЕЕЕ) и Студентскиот парламент на ФЕИТ, рече Ташковски.
Георги Костов, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (ИЕЕЕ), истакна дека РобоМак е настан кој ќе ги поттикне и поддржи студентите да постигнат многу повеќе од она што некогаш помислиле дека е возможно. Посочи дека за да се задоволат амбициите на помладите и на повозрасните учесници, категориите ги поделиле на две нивоа.
Финалето на меѓународниот натпревар „РобоМак 2016“ ќе се одржи во сабота, 12 март, во Домот на АРМ со почеток во 18 часот
Ново на Сител
-

Приведен гостиварец, пијан агресивно се однесувал на „Галичка свадба“
-

Во сообраќајка меѓу патничко овозило и мопед тешко повредени двајца малолетници
-

Реконструкција на Владата во Собранието: разрешени министрите Филков, Стоиљковиќ, Алиу, Перински, Љутков, Лимани и Салиу
-

МВР распиша меѓународна потерница по лицето кое избега од Полициската станица во Кочани
-

Поскапување на горивата од полноќ, ова се новите цени
-

Градежното вештачење за „Пулс“ покажало дека не биле почитувани стандардите, регулативата и процедурите
-

Драстичен скок на цените на нафтата по најновите напади на САД и одговорот на Иран
-

Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов фатен со заѕидани 350.000 евра
