Почна доброволното служење воен рок за жени во Грција со 72 кандидатки

Со 72 девојки кои вчера пристигнаа во Центарот за обука на регрути во грчкиот град Ламија и официјално започна доброволното служење воен рок за жени во Грција, во траење од 12 месеци, јави дописничката на МИА од Атина.
Можноста и жените да служат воен рок ја соопшти министерот за одбрана Никос Дендиас на крајот на октомври минатата година, а следеше и кампања на Генералштабот на копнената војска на Грција со видео на социјалните мрежи во вид на „покана за доброволно служење војска“.
Според грчките медиуми, биле пријавени вкупно 140 кандидатки, што било оценето како позитивен одѕив од жените.
Началникот на Генералштабот на копнената војска, генерал-потполковник Георгиос Костидис, вчера го посети Центарот за обука на регрути во Ламија (КЕН Ламија), каде што беше информиран за процесот на прием и распоредување на грчките доброволки, на кои им упати краток поздравен говор.
Дел од доброволките, за државната телевизија ЕРТ посочиле дека се среќни и возбудени, а за некои, токму војската е нивниот сон.
– Ова е нешто што го посакував уште од мала. Војската отсекогаш ме интересираше и имав изразено интерес да станам и професионален војник, посочила една од девојките.
Потпоручничката и инструкторка Анастасиа Елени Каратасу за ЕРТ објасни дека доброволките Центарот за обука во Ламија ќе останат десет седмици, по завршувањето на основната воен обука, ќе бидат упатени во специјални центри за обука, а потоа ќе бидат распоредени во своите единици за завршната фаза на обуката, која се однесува на оперативни задачи.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис утрово на Инстаграм, со фотографии со пораката дека „Воениот рок, веќе се однесува и на двата пола“, коментираше дека „вчера беше историски ден, првиот ден од доброволното регрутирање на жени во земјата“.
За служење воен рок во силите на копнената војска, можат да се пријават жени на возраст меѓу 20 и 26 години.
Воениот рок трае 12 месеци, на жените им нуди значајни професионални и службени придобивки.
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
