-->
-->
Почна дератизација и дезинсекција во Прилеп
-->

Прилепскиот Центар за јавно здравје ја почна годинашнава дератизација и дезинсекција за заштита на населението од заразни заболувања што ги предизвикуваат глодарите и инсектите.
Епидемиологот Горан Кузески од Центарот за јавно здравје објаснува дека двата процеса ќе се изведуваат паралелно.
- Со дератизација ќе се третира канализациониот систем на градот со посебен акцент на објектите од јавен интерес: детските градинки, училиштата, здравствените установи и водоснабдителните објекти. Ќе се третираат 3.500 шахти и ќе бидат поставени 14.000 стапици. Паралелно ќе се спроведува и превентивната дезинсекција во два типа: едниот за уништување на ларвите на комарците во сите жаришта каде може да ги има, и тоа во водените површини, по течението на Градска Река, во областа „Маркова чешма“, вештачката акумулација и „Дабнички канал“. Вториот тип на дезинсекција е за уништување на возрасните комарци. Вкупно ќе се третираат 800 хектари. Дезинсекцијата е уште побитна зашто последниве години имаше зарази и тоа на западнонилска треска, опасност е и „зика“ вирусот, а вака превентивно се делува за да се заштити здравјето на населението, објаснува епидемиологот Кузески.
Градоначалникот Марјан Ристески уверува дека Прилеп е општина која многу посветува внимание на превентивната заштита на здравјето на населението.
- Во локалниот буџет за дератизација и дезинсекција секогаш имаме издвоено средства. Овој пат, за двата процеса се издвоени еден милион денари и градот ќе биде заштитен во наредниот период, вели Ристески.
Првата фаза на дератизацијата ќе трае до 20 јуни, а втората е наесен. Дезинсекцијата ќе се одвива во три фази. Првата завршува на 3 јуни в петок, а наредните две фази се во јули и август. ем/цр/14:42
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре дожд и постудено
-

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
-

Трагичен крај: По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
-

70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени
-

Маж снимен како го краде бакшишот на вработените во Њам Њам Бокс Центар | ВИДЕО
