Почина виолончелистката Душка Тасеска

Почина Душка Тасеска, една од првите македонски академски музичари со светско реноме.
Тасеска студиите по виолончело ги завршува на Музичката академија во Загреб (проф. Рудолф Мац, 1965). Престојува на специјализација кај Е. Папаставро во Париз (1967–1970).
Асистент е на проф. А. Навара во Скопје (1972–1975), како и на неговите музички семинари во Охрид. Од 1974 г. работи како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Својата солистичка кариера ја започнува 1966 г., а во богатата уметничка кариера реализира завиден репертоар, каде значајно место имаа многу дела создадени од македонски композитори.
Како истакнат македонски репродуктивен уметник, настапувала на бројни концерти во Македонија и надвор од неа.
Нејзиниот исклучителен придонес кон развитокот на македонската музичка репродуктивна уметност и воопшто кон развитокот на музичката уметност во Македонија може да се следи од периодот на втората половина на минатиот век па се до денес, како доајен во полето на музичката репродуктива и музичката педагогија во Македонија.
Ново на Сител
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
