Џет-Сет
17. March 2016 - 9:28

Почина синот на Франк Синатра

На 72-годишна возраст почина Френк Синатра Јуниор.

Причина за неговата смрт е ненадеен срцев удар. Синот на легендарниот пејач и актер Френк Синатра починал за време на турнеја во Дејтон Бич, Флорида, соопшти неговото семејство во соопштението до медиумите. Повеќе детали не се дадени.

Музичарот, кантавтор и диригент, Френк Синатра Јуниор одеше по стапките на својот легендарен татко. На 19-годишна возраст тој беше киднапиран и ослободен по даден откуп.