Почина поранешниот италијански претседател Чампи

Поранешниот италијански претседател, премиер и гувернер на Централната банка на Италија, Карло Аѕељо Чампи почина денеска на 95-годишна возраст, јавија италијанските медиуми.
Чампи, кој одигра клучна улога во вклучувањето на Италија во еврозоната, беше италијански претседател од 1999 до 2006 година, а пред тоа 14 години ја извршуваше функцијата гувернер на Централната банка на Италија. Во кус период меѓу 1993 и 1994 година Чампи ја извршуваше и функцијата италијански премиер. Согласно италијанскиот Устав, по истекот на претседателскиот мандат, Чампи стана доживотен член на италијанскиот Сенат.
По повод смртта на Чампи, италијанскиот премиер Матео Ренци оцени дека тој неуморно и посветено работел во интерес на Италија.
- Изразувам почит кон човекот кој и служеше на Италија со сета страст, напиша Ренци на Твитер.
Шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони, изразувајќи сочуство по повод смртта на Чампи, нагалси дека тој бил „еден голем италијански државник“.
Засега се уште не е соопштено кога ќе биде одржан погребот на Чампи.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
