Почина британската пратеничка Џо Кокс

Британската пратеничка Џо Кокс (41) почина попладнево во болница, како последица на тешките повреди што ги здоби откако беше застрелана и нападната со нож во близината на англискиот град Лидс.
Кокс како пратеничка на опозициската Лабуристичка партија, престојуваше денеска во својата изборна единица Бирстол, каде учествуваше во кампањата на „Посилни во ЕУ“, која се залага за останување на Велика Британија во Унијата.
Полицијата на Западен Јоркшир соопшти дека уапсила маж на 52-годишна возраст, поради сомение дека тој го извршил нападот, но засега нема детални информации од истрагата. која е се уште во тек.
Дел од британските медиуми нападот и убиството на Кокс го поврзуваат со престојниот референдум и кампањата на нејзините лабуристи, па се укажува на крајно десничарските кругови во земјата и на британските националисти.
Британската национална партија меѓутоа ги отфрла таквите обвиненија и одбива секаква поврзанист со убиствто на пратеничката.
Кампањата за останување во ЕУ ги прекина привремено сите активности.
Во лабуристичкката партија владее шокираност од инцидентот и неверување дека ваков случај може да се случи во Британија.
Џереми Корбин лидер на лабуристите изјави дека е вчудоневиден од она што се случи денеска претпладне во реонот на Лидс, во средина која важи за мирна и каде нема инциденти.
Премиерот Дејвид Камерон изрази големо жалење за Кокс и вознемиреност од вестите кои доаѓаат од Западен Јоркшир.
Кокс беше пратеник од мај минатата година.
Ново на Сител
-

Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
-

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
-

Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска
