-->
-->
Победа за Мицов во 1.коло во Нови Сад
-->

Двајца македонски тенисери денеска имаа настап во првото коло на фјучрсот во Нови Сад што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Победа постигна Стефан Мицов, а настапот го заврши Шендрит Деари.
Мицов направи изненадување со триумфот над третиот носител Џонатан Мрихда од Шведска. Нашиот тенисер двата сета ги доби 6:2 и 6:2 во гемови. Во второто коло тој ќе игра против уште еден тенисер од Шведска, Даниел Апелгрин, кој беше убедлив во мечот со Денис Белозеров од Русија добивајќи го со 6:0 и 6:0 во гемови.
Деари за противник го имаше петтиот носител Елмар Ејуповиќ од Германија и загуби со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
