Победа на Силвио Мировски и обезбеден бронзен медал на Светското кикбокс првенство
Силвио Мировски со победа против Кониецзну Павел од Полска од 3:0 обезбеди бронзен медал на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби.
Претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски - Урко изјави дека подршка добиле и од нашиот амбасадорот господинот Абдулкадар Мемеди со неговиот кабинет г. Нехат Емини и г. Валентин Митровски.


Претходно денес во четвртфиналните борби победа извојува Стефан Михајловски со победа над Мостафа Јахија Мохамед Саад од Египет со 3:0 со прекин, додека Нелсон Узеир во борбата против Кулис Рикардас од Литванија загуби за еден бод.



Климент Гроздановски исто така претрпе пораз од Иаконангело Франческо од Италија каде борбата ја загуби поради добивње на два поена синус поради судиска одлука.

Ново на Сител
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
-

Брисел ни ги достави задачите што треба да ги исполниме до декември
-

Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје
