Џет-Сет
10. April 2018 - 21:32

По заедничкото селфи се појави и видео: Дара и Јелена Карлеуша лудо се забавуваат заедно!

Никој не очекуваше дека лутите ривалки Јелена Карлеуша и Дара Бубамара ќе се смират, но и тоа се случи неодамна.

Карлеуша ја поддржа Дара кога беше болна и го пофали концертот кој го подготвува, а подоцна потврди дека ќе биде и нејзин гостин.

Сите беа воодушевени кога го видоа нивното селфи на Инстаграм, а сега повторно го запалија Инстаграм и тоа со снимка.

Тие двете заиграа, па тоа и го снимија, а Јелена сето тоа го објави на социјалните мрежи.