По Куманово, дојави за бомби во основни училишта и во Скопје

Во неколку основни училишта во Скопје и Куманово вечерва на електронските адреси пристигнале пораки за поставени експлозивни направи. МВР информира дека во тек се проверки во училиштата.
-Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници, информираат од МВР.
Според објави на некои медиуми, дојави за бомби во Скопје пристигнале на електронските адреси на училишта во Општина Аеродром, по што сите попладневни активности во тие училишта биле прекинати, а децата биле испратени дома.
СВР Куманово попладнево потврди дека во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училиштата.
-Денеска околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на е-адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на полициски службеници, соопшти СВР Куманово.
Претходно од Секторот за образование од Општина Куманово потврдија дека на е-адресите во училиштата пристигнале дојави за наводно поставени бомби
-Дојавата за бомби е испратена по електронски пат, нешто после 17 часот. Од училиштата повикале полиција која мошне бргу пристигнала, учениците безбедно се евакуирани. Останува на службите да ја проверат состојбата, изјави раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
