По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола
По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно.
Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје.
Попладнево во 14:30 часот, возот тргна од Железничката станица во Скопје, а во 15:20 минути од Велес ќе продолжи кон Прилеп и Битола, информираат од Железничката станица во Велес.
Патниците од Велес, Прилеп Битола, Скопје и попатните станици бараат од МЖ повторно да се вратат и другите два воза, кои сообраќаа на оваа релација Скопје-Битола и обратно, а кои беа укинати пред околу два месеци.
Ново на Сител
-

„Пиротехниката веќе беше поставена, не знам кој ја активирал“ – сведочи гитаристот на ДНК
-

Од денес Кичево е град на културата
-

71-годишна жена загина во пожар во Ќерамидница
-

Три дена посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Во декември 78,4 отсто од потрошената струја од домашни извори
-

Психијатриска проценка на 25-годишникот што задуши жена во Старо Нагоричане
-

Албанската царина благодарна на македонските власти за дозволата камионите да минуваат преку Блато
-

Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица
