Пломп: Да се спроведе Договорот од Пржино, реформите и целосно повлекување на аболицијата

Сето она што е ставено на хартија изминатиот период, вклучувајќи го и договорот од Пржино, се повеќе од доволни да го покријат сето она што треба да се направи. Фокусот во следниот период треба да се стави на имплементација на тоа што е кажано запазувајќи ги трите принципи што ги спомнав. Притоа, единствениот начин е целосното повлекување на аболицијата.
Ова го порача холандскиот амбасадор Вутер Пломп на новинарско прашање за политичката криза, посочувајќи дека ги има предвид извештајот од Прибе и итните реформски приоритети посочени во други извештаи, како и договорот од Пржино, на настанот организиран од Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Кралството Холандија „Кафе пауза со Холандската амбасада“ во рамки на кампањата „Европската унија во Македонија“. Според него, мора да се почне со агенда за имплементација на тие реформи, но најбитно сега е да се фокусираме на три принципи на процесот - инклузивност, односно вклучување на сите страни, транспарентност и одговорност.
Тој нагласи дека во последно време е интензивирана соработката меѓу двете земјии поради актуелното претседателство на Холандија со ЕУ, но и поради, вели, нивната загриженост за иднината на земјата. Посочи на посетата на министерот за надворешни работи Никола Попоски пред три дена на Холандија и средбата со неговиот колега Берт Кундерс кои разговарале за различни теми, меѓу кои и за евроинтеграциските процеси на Македонија. Министерот Кундерс беше овде во февруари, тој испрати писмо до политичките лидери во почетокот на мај, а пред две недели и заменик-министерот за надворешни работи Де Грот исто така беше во посета на земјата
- Холандија го прави ова бидејќи сме загрижени за Македонија и најмногу бидејќи сакаме да видиме Македонија да успее на патот на евроатлантската интеграција и да стане членка на ЕУ и НАТО, рече Пломп. Тој воедно изрази уверување дека во тој контекст ќе бидат направени чекори од страна на политичките лидери и од Македонија, а за тоа дали земјата ќе се најде на агендата на Советот на ЕУ е нешто што ќе се реши следните недели.
Ново на Сител
-

Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
-

Викендов пресврт на времето, дожд и грмежи, потоа пад на температурите
-

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова
-

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила
-

35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
-

Вештачката интелигенција почнува да „делува сама“: OpenAI откри шест опасни случаи
-

На ГП Табановце промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
-

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство
