Пинк пантер повторно во акција: Ја украдоа круната на Богородица вредна 2 милиони долари

Круната на Богородица од 19 век со околу 1800 скапоцени камења е украдена ноќта меѓу петокот и саботата од Музејот за религиска уметност во Лион, во централна Феранција, соопштија претставниците на музејот.
Украдениот накит е вреден, според првичните проценки, најмалку милион долари, а се сомнева дека грабежот го организирале членови на озлогласената банда „Пинк Пантер“, меѓу кои има најмногу Срби.
-Крадците упаднале во музејот точно во 3.27 часот и испеаја да го онеспособат софистицираниот безбедносен систем, пренесоа француските медиуми.
Добро организираните крадци за кратко време го украле централниот примерок од колекцијата.
-Полицијата брзо стигнала на самото место и според нивните први проценки, во спектакуларниот грабеж учествуваа повеќе луѓе, кои беа добро опремени за тој потфат, наведуваат тие.
Од францускиот музеј објаснија дека круната има точно 1.791 парче скапоцени камења и бисери.
-Секое камче на круната мината година е внимателно попишано, што би можело да го олесни откривањето на крадецот, наведуваат тие. Освен круната, која според нивните проценки може да достигне вредност од 2 милиони евра, крадците украле и прстен и пехар.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
