-->
-->
Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
-->

Вчера во с. Костин Дол, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода Л.Ј.(56) од с.Костин Дол.
Претходно, тој со трактор, кој го управвуал, удрил во патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, сопственост на Г.М.(42) од истото село, по што го напуштил местото, информираа од полицијата.
По преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода, а при преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судење на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-

Текстилната индустрија полека згаснува
-

Преглед на вестите од светот
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
