-->
-->
Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-->

На 23.07.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
