Петти конгрес на ДОМ
– Демократската обнова на Македонија денеска треба да го одржи Петтиот конгрес на кој се очекува да бидат реизбрана актуелната претседателка Маја Морачанин и да бидат избрани членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.
На седницата на Централниот одбор на партијата, одржан на 24 овој месец, беше утврдено дека актуелната претседателка Морачанин е единствениот предлог за претседател на партијата, а беа утврдени и предлозите за членови на Централниот и Надзорниот одбор на партијата.
Согласно внатрепартиските принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жени на ДОМ.
Одлуката за одржување на Петтиот конгрес на партијата беше донесена на 16 октомври од страна на Централниот одбор.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
