Петровска: Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има
– Моќта на една држава не е само во тоа каква армија има, туку и во тоа колку и какви пријатели има. Извонредна средба во Љубљана со колегата, Марјан Шарец, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– Ја потврдивме традиционално добрата соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, сојузништвото во НАТО и реафирмиравме дека споделуваме иста визија за регионот – стабилност, мир и безбедност. Оваа година имаме голем број заеднички вежби, трензинзи и активности, а најзначајна е соработка во #НАТО мисијата за зајакнато истурено присуство во Латвија каде македонските мировници се дел од словенечкиот контингент, објави Петровска.

Таа упати благодарност за постојаната словенечка поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

– Западниот Балкан мора да опстане на патот кон целосна демократизација и силна европеизација – пат кој е нераскинливо поврзан со пристапувањето кон Европската Унија, напиша министерката за одбрана Петровска на фејсбук.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
