Петок е неработен ден, следниот продолжен викенд е дури во април
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Макединја известува дека 19 јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
За вработените тоа значи продолжен викенд, секако за оние кои не работат во Сабота..
И тоа е и последниот неработен ден се до април…
Во април се велигденските празници. Велигден ќе биде на 8 април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6 април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате на петок до понеделник.
Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови.
Споен викнд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.
Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“, Денот на независноста на 8 септември и Св. Климент Охридски на 8 декември.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
