Пет лица биле уапсени поради нелегало поседување на марихуана

Рано утринава во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера вечер пак околу 20.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улица „112“ во Тетово ги лишиле од слобода Д.А.(24) и Ф.С.(21), двајцата од Кичево, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Нешто подоца околу 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар на магистралниот пат Тетово - Гостивар, во близина на наплатната станица Гостивар, ги лишиле од слобода Ф.А.(29) од тетовско Непроштено и Н.А.(22) од тетовски Порој.
При нивен и преглед на возилото „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
-

Најмногу дожд во Крушево, Претор и Охрид
-

Панел дискусија „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“
-

Без струја неколку улици во Центар, Кисела Вода и Карпош
