Песков: Приемот на Црна Гора во НАТО води до тензии во Европа

Иницијативата на НАТО за прием на Црна Гора, може да доведе до натамошно зголемување на тензиите во Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Од наша гледна точка, понатамошното проширување на НАТО во целина е процес со негативен предзнак, Тој процес со ништо не придонесува за европската безбедност, туку напротив може да доведе до натамошно зголемување на нивото на тензии на континентот, изјави Песков.
Изјавата на Песков следи откако вчера министрите за надворешни работи на змејите членки на НАТО го поптишаат Протоколот за зачленување на Црна Гора во Алијансата.
Со ваквиот потег на министрите, Црна Гора доби статус на земја набљудувач во НАТО и од сега нејзини претставници ќе учествуваат на сите собири на Алијансата.
Црна Гора ќе стане 29-ти полноправен член на НАТО, дури откако Проотколот за нејзин прием ќе го ратифукуваат сите земји членки на Алијансата.
Ново на Сител
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
