Песков: Ако Зеленски сака разговор, може да дојде во Москва

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитри Песков, изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски упатено до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака средба.
„Имав можност да го прочитам писмото. Претседателот Путин рече дека ако Зеленски сака да разговара, може да дојде во Москва и да го направи тоа“, изјави Песков.
Зеленски во вчера објавеното отворено писмо посочува дека не е подготвен да патува во Русија на преговори, нагласувајќи дека украинскиот претседател нема што да бара во Москва, исто како што ниту рускиот лидер нема што да бара во Киев.
Тој предложи состанок во трета земја, наведувајќи дека како можни локации би можеле да бидат Швајцарија, Турција или земји од арапскиот свет.
Во писмото објавено на веб-страницата на украинското претседателство, Зеленски исто така изрази подготвеност за целосен прекин на огнот за време на преговорите и повика на директна средба меѓу лидерите со учество на меѓународни посредници.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
