-->
-->
Пенс: САД ќе воведат најостри санкции против Северна Кореја
-->
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека САД се подготвуваат да објават „најтешки и најагресивни“ економски санкции против Северна Кореја, кои треба да го зголемат притисокот на владата во Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната и ракетна програма.- САД наскоро ќе откријат најтешка и најагресивна серија економски санкции против Северна Кореја досега. Ќе продолжиме со изолација на Севрена Кореја се додека не се откаже од нуклеарната програма и тестирање балистички ракети еднаш засекогаш, изјави потпретседателот на САД, по средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио.
Нарекувајќи ја власта во Северна Кореја „најагресивен режим на планетата“, Пенс изјави дека Вашингтон и неговите сојузници, меѓу кои и Јапонија, ќе продолжат да вршат притисок на Пјонгјанг се додека не преземе чекори кон „потполна, проверлива и бесповратна денуклеаризација“.
Пенс престојува во Јапонија на пат кон Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
