Пендаровски: За постигнување на заедничката цел потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро
Претседателот Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.
-Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност. Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на луѓето со добра волја кои покрај за своите, се грижеа и за потребите на другите. Овие херои на солидарноста донираа храна, облека и лекови и го подарија своето време и внимание за да ги поткрепат оние на кои им е најпотребна помош. Многумина од нив активно се застапуваа за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, тие нѐ потсетуваат дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други, се вели во честитката на претседателот Пендаровски.
Тој истакнува дека државата е домот што можеме да го градиме само заедно, сплотени околу визијата за хумано, праведно и просперитетно општество во кое ќе има место за сите.
-За да ја достигнеме заедничката цел кон која се стремиме уште од почетокот на македонската независност, потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро. Во новата 2023 година, ви посакувам радост во срцето, мир во душата и надеж во животот, а со нив и многу здравје и успех на секое поле. Нека ни е среќна новата 2023 година!, вели претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-

Се повеќе пензионери, се помалку работници – Ревизорите предупредуваат пензинскиот систем е неодржлив
-

МНР го проверува скандалот со амбасадорот Колев во Москва
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Родителите на загинатите во Кочани бараат одговори од судска медицина
-

Одложена јавната расправа во скопска апелација по жалбата на осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Трипуновски: Досега склучени 35.100 договори за тутун, за површина од 15.110 хектари, има видно зголемување од 2024-та
-

Струмица доби нов парк , дел од стратегијата за зголемување на зелените површини и почист воздух
-

Штип прва општина во Македонија со паметен модел за контрола на паркингот
