Пендаровски: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ блиску до договор

Работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за Законот за јавно обвинителство.
Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски, дополнувајќи дека за решавање остануваат уште две или три точки за кои лидерите на двете најголеми политички партии барат компромис.
И покрај тоа што одржува контакти со Заев и Мицкоски по ова прашање, Пендаровски вели дека клучна за постигнување договор е политичката волја од партиите.
Во случај на евентуален неуспех на преговорите, одлуката за определување датум за преговорите нема да биде загрозена, тврди Пендаровски, бидејќи ова прашање е решено со префрлувањето на предметите во основното јавно обвинителство.
Шефот на македонската држава го повтори и неговиот став дека за доброто на сите ќе биде истрагите за отворените предмети, СЈО да ги води во рамките на постоечкото обвинителство.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
