-->
-->
Пендаровски-Ручи: Албанија е континуиран партнер во обезбедувањето европска перспектива на регионот
-->
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска, во рамки на официјалната посета на Република Албанија, оствари средба со претседателот на албанското Собрание Грамоз Ручи, на која биле разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Албанија.
На средбата било изразено задоволство од позитивните случувања во однос на конструктивната соработка, демонстрираната посветеност за зајакнување и продлабочување на билатералните и добрососедските односи преку динамизиран и континуиран политички дијалог како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.
Претседателот Пендаровски, како што информираат од неговиот кабинет, на сребата истакнал дека нашиот сосед, Република Албанија е континуиран партнер во обезбедувањето на просперитет, стабилност, безбедност и европска перспектива на регионот. Досегашната парламентарна соработка меѓу двете земји е конструктивна и интензивна, а за нејзино продлабочување потребно е интензивирање на контактите помеѓу парламентарните тела и комисии.
Двајцата соговорници оцениле дека двете земјите имаат идентични надворешно-политички цели во врска со регионалната соработка и европските интеграции, кои се значајни предуслови за стабилност и просперитет на регионот.
Заблагодарувајќи се за поддршката на Република Албанија за членство на нашата земја во НАТО, претседателот Пендаровски нагласил дека од голема важност е што двете земји една со друга се поддржуваат и во однос на нивните аспирации за станување рамноправна членка на Европската унија. И покрај фактот дека нашите земји не добија датум за почеток на пристапните преговори на последниот Самит на ЕУ, според претседателот Пендаровски, треба да се продолжи со посветеноста кон остварување на нашите европски аспирации.
На средбата биле разгледани и можностите за продлабочување на билатералната соработка и можностите за унапредување на економските односи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: За првпат повеќе момчиња отколку девојчиња сакаат да стапат во брак
-

ЦУК: Активни три пожари во земјава
-

Големо намалување на цените на дизелот и бензините од полноќ
-

Фабијани повеќе не е тренер на Вардар
-

СДСМ: Погрешено македонското знаме - нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и Филипче им смета за независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше
-

Температури до 40 степени следните два дена, од четврток мало освежување
-

Гренланд спречи неовластени нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп
