Пендаровски – Маас: Потврдена силната поддршка од Германија за европската интеграција на земјава
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, денеска се сретна со германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што било констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување.
Претседателот Пендаровски оценил дека Сојузна Република Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Република Северна Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изразил задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.
Пендаровски и министерот Маас размениле мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочил дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакнал дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмирал очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
