Пелони: Грција ќе испрати 20.000 дози од вакцините за Македонија

Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
-Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони.
Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката Влада објасни дека постои одредена процедура на техничко ниво во координација со Европската Комисија.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена од Брисел изјави дека Грција ја разгледува можноста билатерално да ги поддржи соседните земји со вакцини, а министерот за здравство Венко Филипче во понеделникот откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција.
Ново на Сител
-

Перез донесе одлука за нов тренер на „кралскиот клуб“
-

Младиот тенисер Алексовски со победничкиот пехар во Солун
-

Алушовски: Барселона во фокусот, а Вардар во мислите
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
-

Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
-

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 12 до 18 степени
