Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
Љупчо Пецов – Ѓаволот кој беше обвинет за финансиски малверзации тешки околу 8 милиони евра, доби условна осуда.. На судењето кое при крајот на август се одржало во скопскиот кривичен суд, тој признал вина, а судијката, Лидија Петровска му пресудила условен затвор од две години кој ќе може да стане ефективен ако во следните пет години, Пецов – Ѓаволот го повтори делото.. Според судијката, условната казна доволно ќе влијаела обвинетиот да не врши кривични дела во иднина..
„Судот цени дека не е нужно изрекување на казната затвор за остварување на целите на казнувањето, за кои оцени дека во конкретнио случај можат да се постигнат со условно одложување на нејзиното извршување, а под закана за ефектуирање на казната доколку обвинетиот го повтори делото“, се наведува во пресудата на кривичниот суд.
Пресудата од понеделникот е правосилна, бидејќи ниту обвинителството ниту Ѓаволот се жалеле на изречената казна.. Тој пак, ќе треба да плати и парична казна од 8 илјади евра, а во следните 10 години нема да смее да управува или да основа фирма..
Условната казна, судот ја оправдува и со пресудите за другите обвинети кои биле дел од злосторничкото здружение..
„Судот при определување на казната на овој обвинет ја имаше предвид и обврската за обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинети во овој комплексно-правен случај кои исто така ја признаа вината, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им била изречена исто така алтернативна мерка“, се наведува во пресудата на скопскиот кривичен суд..
Љупчо Пецов – Ѓаволот станат познат за јавноста откако пријави дека неговиот адвокат Фехми Стафа побарал поткуп за да влијае кај апелациониот судија Ѓоко Ристов за укинување на притворот додека беше во бегство..
По откривање на случајот, адвокатот Стафа призна вина и беше осуден на 15 месеци затвор, а кај судијата Ристов соѕидани беа пронајдени 350 илајди евра, и за него се води судска постапка..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
