Парламентот на Ирска расправа за казната на Европската комисија за Епл

Парламентот на Република Ирска расправа денеска за казната од 13 милијарди евра, што Европската комисија (ЕК) и ја изрече на американската компанија „Епл“.
Компанијата е казнета затоа што во договор со ирската влада, плаќала помал корпорациски данок и данок на својот профит, во споредба со другите компании кои работат на ирската територија.
Владата на премиерот Енда Кени побара парламентарна расправа, откако одлучи да се жали поради казната од ЕК. Во Парламентот владата сега бара подршка од сите партии за нејзината одлука.
Минатата недела партиите во Ирска беа поделени околу жалбата. Трите најголеми партии- Фине Геил, Фина Фоил и лабуристите - се согласија да се поднесе жалба на пресудата од Европската комисија.
Нивното образложение е дека иако Ирска не е казнета, ниту Брисел бара од Даблин да го менува корпорацискиот данок, кој во оваа островска земја изнесува 12,5 отсто и е најнизок во ЕУ, но казната му нанесува штета на рејтингот на државата.
Партијата Шин Феин и сите други партии од левицата, меѓутоа, беа против поднесување жалба и бараа од владата да ги прифати парите од казната и да ги употреби за унапредување на земјата.
Со реакција на високата казна се огласи и Белата куќа во Вашингтон, која изрази загриженост од одлуката на Европската комисија, но САД претходно, ја критикуваа Ирска околу даночната политика, предупредувајќи дека земјата се претвора во „рајско место„ за даноци како Кајманските Острови во Карибите.
Жалба на казната најави и „Епл„ а претседателот на компанијата Тим Кук кој ја оквалификува казната како „политички мотивирана„ смета дека таа ќе биде поништена.
Еврокомесарот Маргрет Вестагер ги отфрли обвинувањата на Кук, инсистирајќи дека казната е донесена врз основа на факти, за тоа дека Ирска се договорила со „Епл„ да плаќа помал данок.
Казната од 13 милијарди е еднаква на целиот ирски буџет за здравствена заштита. За „Епл„ таа претставува 27 отсто од профитот на компанијата во минатата година.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
