Парламентарни избори во Норвешка

Во Норвеша денеска продолжува вчера започнатото гласање за нов состав на Парламентот на едни од досега нејизвесните парламентарни избори, на кои според анкетите на јавното мислење десно центристичката владејачка коалиција на премиерката Ерна Солберг и лево центристичкиот блок предводен од Јонас Гар Сторе имаат речиси еднакви шанси за победа.
Конзервативците на Солберг сакаат да ги намалат даноците, ако добијат нов четиригодишен мандат, а левоцентристичкиот блок на Сторе најавува нивно зголемување со цел да се обезбедат средства за зголемување на квалитетот на јавните услуги.
Резултатите од изборите може да се одразат и на мошне важниот нафтен сектор, со оглед на тоа што кој и да победи ќе има потреба од поддршка од некоја од партиите, кои се залагаат за ограничувања на експлоатацијата на ресурси во арктичките води крај северното крајбрежје на Норвешка.
Изборите во Норвешка траат два дена од вчера во девет часот до денеска во 17 часот.
Во повеќето анкети во текот на годината Лабуристичката партија и нејзините левичарскии сојузници водеа на анкетите и се очекуваше да победат, но поддршката за Владата се зголеми по регистританото зајакнување на економијата.
Анкетите од овој месец покажуваат дека четирипартискиот владејачки блок на Солберг ќе добие 85 места во 169-члениот Парламент, а коалцијата на Сторе се очекува да освои 84 мандати.
Победникот ќе се соочи со тешки постизборни преговори и да ги задоволи барањата на помалите партии во замена за нивната поддршка во текот на следните четири години.
Партијата на Зелените инститира на престанок на експолатацијата на нафта во Северното Море поради климатските промени и загадувањето на животната средина, а други помали партии, кои може да бидат вклучени во разговорите за коалиција, исто така сакаат ограничување на новите истражување во арктичките води. Секторот на нафта и гас учествува со речиси половина од приходите од извозот во Норвешка.
Мнозинството во Парламентот ќе зависи и од евроскептичната Социјалистичка партија, како и од екстремно левата Црвена партија. Сите овие партии имаат негативен став кон Европската унија.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
