Париз: Хакерските напади ге продолжат, но нема опасност од кибер хаос

По тревогата поради кибер нападите кои почнаа во петокот и опфатија десетици држави низ светот, се очекуваат и „вторични потреси" следниве денови, но нема опасност од т.н „кибер хаос“, изјави генералниот директор на француската Агенција за безбедност на информациските системи (АНССИ), Гијом Пупар за радиото „Франс ентер".
- Хакерите ги обновуваат своите програми, ги прават поефективни. Други пак, го користат обидот на првите, за да вршат свои пробиви. Во земјите што се продолжи со работа, сепак нема катастрофални последици, нагласи Пупар.
Според стручни проценки, жртви на нападите се над 200.000 компјутерски системи во најмалку 150 земји низ светот, меѓу кои и француската автомобилска компанија „Рено".
- Одговорните за оваа операција не се откриени, но очигледно станува збор за престап. Некои „мафијашки“ организации, што претходно се занимаваа со шверц на дрога и други видови криумчарење, сега вршат кибер напади, оти тоа е полесно, поевтино, не е толку ризично, а заработката е огромна, изјави Пупар, додавајќи дека сепак платените откупи на уценетите, се во мал број.
Европол соопшти дека европските власти и компаниите утринава избегнале кибер хаос.
- Бројот на нападнати не се зголеми и ситуацијата во Европа е стабилна, што само по себе е успех, изјави портпаролот европската полициска агенција, Јан Оп Ген Орт.
- Се уште е рано да се каже кој стои зад глобалниот кибер напад, но работиме по метод за декриптирање, додаде Орт.
Ново на Сител
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
