Парискиот договор го кочи патот кон ЕУ?

Отворањето на преговарачкото поглавје кое се занимава со животната средина може да биде доведено во прашање, по потпишувањето на парискиот договор.
Тоа го соопштија од невладината организација „Green Home”, oценувајќи дека климатскиот договор во Париз е тесно поврзан со приклучувањето на Црна Гора во ЕУ и дека поради многу нерешени прашања може да има проблеми.
„Договорот во Париз всушност претставува само почеток, а најголемиот проблем ќе биде на самите држави. Стратешките документи во областа на климатските промени мора да бидат усогласени со меѓународните прописи во прв ред со тие кои ги поставува ЕУ. Од друга страна, плановите и проектите во секторите како што се енергетиката, индустријата и сообраќајот, мора да ја следат политиката и документите донесени во областа на климатските промени” – вели Сања Свркота од таа организација.
Таа објасни дека отворањето на поглавјето може да биде доведено во прашање, со оглед на постоечката состојба и плановите во енергетскиот сектор, како што е изградбата на вториот блок на Термоелектраната, истражувањето на нафта и гас, но и нерешените прашања за квалитетот на воздухот и управувањето со отпадот.
Од Владата за „Вијести” порано беше соопштено дека договорот од Париз не е пречка за идно користење на јаглен од басенот Плијевља и отворањето на вториот блок на Термоелектраната.
Тие наведоа дека во Европа има најмногу активни термоелектрани на јаглен и дека договорот не забранува користење на јаглен, туку се воведува задолжително намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина кои настануваат при негово согорување.
Свркота истакна дека ратификувањето на Договорот на Црна Гора ќе овозможи и поголем пристап на фондовите за борба против климатските промеи, но и ревизија на постоечките национални цели:
„Секако дека планираните промени на ниво на ЕУ ќе се одразат на нашата земја, со оглед на тоа дека се очекува ревизија на постоечките директиви, како што се директивите за енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија, но и структурната реформа на системот за трговија со емисиите”.
Емисијата на гасови да се сведе на нула
Свркота објасни дека, долгорочно гледано, целта на Договорот е емисиите на гасови да се сведат на нула во втората половина на овој век и глобалното затоплување да се задржи на ниво под два степена.
„Основните елементи на Договорот се поврзани за зголемување на амбициите кога станува збор за националните цели за намалување на емисиите со ефект на стаклена градина и тоа секои пет години, како и посветеноста на адаптациите на климатските промени за да се спречат загубите и штетите како по животната средина, така и по луѓето и економијата. Првиот чекор за нашата земја како и за другите земји од регионот на југоисточна Европа ќе биде потпишување на Договорот во април 2016 година, а потоа и ратификација во парламентот” – рече таа. \
Вијести – Подгорица
Ново на Сител
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
-

Сончев и ветровит викенд, од понеделник можен пороен дожд и грмежи
-

Две возила се судрија на патот Штип-Пробиштип, едно во обид да избегне пламени наноси преминало во спротивна лента
-

Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини
-

Двајца турски државјани се обиделе во Грција да внесат 50 пиштоли наменети за криминални групи
-

Маркетите кои ја имаат зголемено бруто маржата на прехранбените производи ќе бидат повикани на состанок, порача Мицкоски
-

Мицкоски: Очекувам во јунскиот извештај да бидеме најдобри исто како во декемврискиот, има уште време за разговори со опозицијата за Изборниот законик
-

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус
